Вардар со победа го отвори турнирот во Струга

Вардар1961 лесно и убедливо го победи домаќинот Струга со 39-26 во првиот натпревар од турнирот во Струга. Нашите ракометари немаа проблеми, а тренерот Веселин Вујовиќ играше со нова постава, поинаква од онаа на Супер купот.

Сега во тимот беа Јан Чувар, Цереми Тото, Анте Кудуз и голманот Али Сафар.Само почетните минути резултатот беше израмнет до 4:4. Следуваше првата серија на Вардар од четири гола со што се одлепи на 8:4.

Во продолжение рутински ја одржуваа предноста, а првпат Вардарци имаа пет предност кога поведоа со 14:9. После одиграни 30 минути Вардар веќе беше блиску до победата кога имаше предност од 21:14 покажувајќи го напаѓачките способности на новите играчи.

Почетокот на вториот дел повторно им припадна на избраниците на Велелин Вујовиќ, постојано одржуваа водство од седум до девет гола и сигурно го водеа натпреварот кон победа. Шанса за настап добија и помладите играчи на Вардар кои беа во тимот и покрај тоа Струга не успеа да ја намали негативата, а многу брзо разликата беше двоцифрена.

Струга - Вардар 26-39

Вардар1961: Јагуриновски, Валчак 3, Моралес 4, Карапалевски 1, Диало 4, Чувара 7, Тото 6, Гаџа, Талески, Дибиров, Шукиќ 2, Кудуз 4, Атанасовски 3, Ќосевски 3, Сафар, Гогов.

Утре Вардар е слободен, а во сабота играме со тимот на Бутел.

четврток, 12 август 2021 - 20:24

Share on Facebook