Вардар со „двоцифрена“ победа ја завери 15. титула

Вардар останува најуспешен македонски ракометен клуб со освојувањето на седмата шампионска титула по ред, вкупно 15. во клупската историја. Во последното коло од домашното првенство со висок триумф, 37-25 против Тиквеш, ракометарите на македонскиот првак ги решија сите дилеми и триумфално во 9. победа во плејофот го задржа лидерското место.

На Вардар му требаше било каква победа над Тиквеш, а домашниот тим одигра доминантно во текот на целиот. Филип Талески и Тимур Дибиров заедно постигнаа 20 гола, запечатувајќи го триумфот.
Вардар додаде уште една титула во колекција, вкупно 15. во клупската историја. Mеталург и Еурофарм Пелистер остануваат на шест освоени титули, а по еднаш шампиони биле Преспа и Борец.

Ова е втора сезона по ред како Вардар освојува двојна круна во Македонија. Вардар поведе со 3-0, па 7-1 и веќе беше јасно каков ќе биде расплетот на овој натпревар. Се ротираа играчите на двете екипи на теренот, но немаше големи промени на резултатот, па на полувреме се замина со водство на Вардар од 18-10.

Гостинскиот бек Симиќ намали на 18-11 на стартот на полувремето, но потоа низа грешка во нападот на гостите и Вардар со серија од пет гола се одлепи на 23-11. До крајот имаше само рутинско одработување на задачата, иако кавадарчани парираа на моменти. Шанса добија да играат сите во составот.

* Фото-галерија од натпреварот

Вардар - Тиквеш 37-25 (18-10)
ВАРДАР: Ристовски, Стоилов 2, О.Њокас 3, Валчак, Георгиевски, Карапалевски 1, Томовски, Дијало, Тото 2, Талески 10, Дибиров 10, Крстевски, Додиќ 1, Ѓукиќ 1, Ќосевски 7, Мишевски.

 

четврток, 26 мај 2022 - 20:07

Share on Facebook