Вардар шампионски - седма победа против Кристијанштад

Пред почетокот на мечот од второто коло во лигата на шампионите вардарци ветија дека нема да го потценат противникот и максимално подгоѕтвени влегоа во дуелот со шведски Кристијанштад. И „црвено-црните" ја покажаа силата и моќта со која располагаат сезона па триумфално го завршија натпреварот 33-25 (19-10). Ова беше седми триумф на Вардар против Кристијанштад во лигата на шампионите, и нашиот тим останува на врвот во групата со максимални четири бодови.


Сѐ беше решено уште во првото полувреме што го добивме со 19-10. Покажавме дека имаме тим големи дострели. Тргнавме силно, можно и пред сѐ прецизно.
Поле 4 минути играње и водство на Вардар од 4-0 гостинскиот тренер Ола Линдрен беше приморан да побара тајм аут. Но, во следниот напад Тимур Дибиров краде топка и во контра зголемува на 5-0. Гостите првиот гол го постигнаа во 6 минута и намалија на 6-1. Одличен напад, ефикасна одбрана и во 9 минута Вардар веќе водеше со 8-2.

Вардар играше лесно, дури и кога имаше играч помалку, па и постигнувавме голови. Скубе зголемува на 10-2 во 13 минута, а осум гола предност имавме и 13-5.

Кристијанштад беше немоќен, а во две третини од првото полувреме Вардар имаше реализација од над 70 отсто. Единствено што можеше да стори гостинскиот тренер е да побара тајм аут, и тоа по вторпат во првото полувреме. При резултат 14-5 во 20 минута гостите од Шведска беа приморани повторно да бараат минута одмор искористувајќи два од трите предвидени за натпреварот. Третиот може да се користи само во последните пет минути од натпреварот.

Во 21 минута првпат ја „раситнивме десетката" и поведовме со 15-5, па повторно во 25 минута кога водевме со 18-8. На полувреме заминавме со плус девет за водство 19-10.

двоцифрената предност ја задржавме и во второто полувреме, а откако беше јасно дека Вардар ќе триумфира и тоа убедливо стигнаа и измените во тимот, па шанса добија и Поповски, Недановски, Кизиќ, Јојводиќ. На крајот предност од „само" седум гола, 33-25.

Во следното коло гостуваме кај Вреспрем во Унгарија.

ВАРДАР – КРИСТИЈАНШТАД 33-25 (19-10)
ВАРДАР: Милосављев (9 одбрани и 1 седмерец.), Кизиќ (1 одбрана.), Недановски, Поповски 1, Кристопанс 3, Мораеш 3, Карачиќ 3, Скубе 3, Калараш 2, Чупиќ 7, Дибиров 4, Шишкарев, Борозан 5, Војводиќ 1, Киселев 1, Мишевски.

сабота, 22 Септември 2018 - 19:03