Вардар се врати без бодови од Унгарија

Тоа беше реприза на финалето на Лига на шампионите од Келн 2019, но за разлика од тогаш сег анатпреварот се играше во Унгарија. Тимот на Веспрем успеа да се радува а Вардар по вторпат сезонава се враќа дома без бодови од ЛШ. Средбата од 5 коло на ЛШ заврши со триумф на Унгарците од 39-30 (21-17). По петте одиграни кола Вардар е на делба на второто место заедно со Веспрем и со Монпелје, сите со по 6 бода.

Во Унгарија отпатувавме без Сергеј Горбок кој има повреда, а капитенот Стојанче Стоилов беше со тимот но тој е се уште недоволно опоравен од повредата па повеќе беше поддршка на соиграчите и за мотивирање.

Дуелот во Веспрем го почнавме добро, имавме и водство 4-3 како најава дека унгарскиот првак „ни лежи" и можеме да играме со него. Она што ни беше проблем во претходниот дуел - нападот, сега беше драстично подобрен и ефикасен. Тоа се гледа и по бројот на постигнати голови. Но, затоа имавме проблем со одбраната кој на моменти изгледаше доста порозна, а добар дел од одбиените топки завршуваа кај противникот, и уште добра дел од нивните акции лесно завршуваа со погодоци од чисти ситуации. Откако Вардар поведе со 4-3 се случи првиот пад во играта. Домашните направија пресврт, ги искористија укажаните шанси и поведоа со 4-3 и потоа со 9-5. Тоа беше период во која Веспрем ја контролираше играта и резултатот, па така остана до крај на првото полувреме. Ние успеавме еднаш да намалиме на 13-10, и на 15-13. Се појави надеж дека ќе се вратиме, но повторно по секој не реализиран шут домашните погодуваа и разликата се зголеми на 21-16.

И Вардар одново тргна во нова офанзира во второто полуврем, иако реално само доаѓавме до негатива од 2-3 гола. Шансата можеби с еиспушти на самиот почеток кога при резултат 21-19 за Веспрем ние не искористивме напад со кој можевме да намалиме на „минус 1". Потоа веќе не ни се укажа шанса да бидеме блиску резултатски во игра.

Домашните имаа и „плус 11" во последните пет минути од средбата, нотоа го намаливме на „минус 9".

Во следното коло на 3 ноември сме домаќини на Мешков Брест. Во меѓувреме ќе одиграме еден натпревар од СЕХа лигата, на гости кај Пекинг СУ во Загреб на крајот од месецов.

Веспрем - Вардар 39-30 (21:17)

ВЕСПРЕМ: Штербик (4 одбрани, 1 седмерец) , Цупара (4 одбрани), Манасков 3, Јахија 4, Тонесен 2, Гајиќ, Нилсон 6, Маргуч 2, Лауге Шмит 8, Штрлек 4, Терзиќ, Благотиншек, Ненадиќ 5, Мацковшек 1, Лекаи 1, Борозан 3.

ВАРДАР: Гедбан (3 одбрани), Кугис (2 одбрани), Кизиќ, Стоилов, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 3, Сикошек Пелко 4, Дисингер 5, Атман 1, Скубе 2, Калараш 1, Чупиќ 3, Дибиров 8, Шишкарев 3, Горпишин.

сабота, 19 октомври 2019 - 23:01