Вардар се враќа од Полска со реми како победа

Нашите ракометари дојдоа чекор поблиску до четвртфиналето од ЕХФ Лигата на шампионите откако одиграа нерешено, 30-30 на гостувањето кај Висла, во првиот осминафинален дуел.

Вардар остана непоразен на жешкиот терен во „Орлен арена“, дури можеше да се врати во Скопје со победа, меѓутоа несреќно прими гол за нерешено во последната секунда од натпреварот. Имавме големи четири разлика на три и пол минути до крајот, меѓутоа кај домашните ракометари не попушти концентрацијата и молскавично ги организираа нападите со сигурна реализација.

Ракотеа, Дашек и Вишњевски погодиjа за да биде 29-30 на минутa до крајот, а потоа Вардар тргна во бавен и сигурен напад со желба да стави точка на натпреварот. Таква шанса ни се укажа со досеудениот седмерец, но голманот Коралес го прочита Манасков бранејќи како навестување за ремито. И Штербик беше солиден на спротивната страна, но не успеа да го запре ударот на Тарабокиа во последната секунда за конечни 30-30.

Вардар беше многу подобар во второто полувреме, со цврста и агресивна одбрана, која му овозможи пресврт, откако на полувремето Висла имаше предност од 16-14. Направивме серија од 4-0 за да поведеме со 20-18 во 38. минута и сѐ во продолжение течеше беспрекорно. Висла доаѓаше на минус еден, но секогаш кога беше потребно или Штербик се испречуваше на голот или момците во нападот беа сигурно за да го продолжат водството кое достигна 29-25 во 56. минута. Таа поволна ситуација траеше уште шеесетина секунди, а потоа дојде лошиот финиш.

Во првиот дел одигравме нешто порезервирано, особено по 10. минута, откако Висла направи серија со 3-0 и првпат поведе. Имаше 8-6 во 14. минута, а потоа и највисоки плус четири, 15-11 во 25. минута. Одличен беше голманот Вихари во овој период, меѓутоа ни тој не успеа да направи ништо во завршните три минути од полувремето кога со серија од 3-0 се изборивме за пристојна 14-16 на паузата.

Овој натрпевар беше само најава дека кога Вардар може да ја надигра Висла пред нејзините пеколни навивачи, тогаш успехот е неминувен во нашиот „Јане Сандански“ каде што ќе ја имаме поддршката од црвено-црната армија навивачи. Тој меч се игра на 26 март во 18 часот.

 

Висла - Вардар 30-30 (16-14)

Висла: Вихари, Коралес, Роча 7, Ракотеа 6, Тарабокија 6, Де Толедо 4, Дашек 2, Вишнијевски 2, Гонеа 1, Монторо 1, Пушица 1, Квиатовски, Никчевиќ, Житников.

Вардар: Милиќ, Штербик 11 одбрани, Ангелов, Карачиќ 6, Циндриќ 5, Дибиров 4, Брумен 3, Македа 3, Душебаев 2, Манасков 2, Шишкарев 2, Тоскиќ 2, Стоилов 1, Абутовиќ, Марсениќ.

Галерија од натпреварот Висла - Вардар

среда, 16 март 2016 - 21:08