Вардар се враќа со бод од Норвешка

Фото: Магнис Стенсет

Можеше да биде и победа, а последниот удар го одбрани и Томовски, па Вардар од гостувањето во Норвешка кај Елверум се враќа со реми, 27-27 (13-13). Двајцата тренери се согласуваат дека поделбата на бодовите е најправедна, иако и двете екипи имаа свои добри минути на средбата, но и слаби моменти.

Анте Гаџа во последните десет секунди имаше ситуација да погоди, до неговиот удар заврши покрај стативата. Важно е што освојуваме бод, бидејќи сега ни претстојат три домашни натпревари и секако играта во Осло може да значи и подигање на формата и мотив плус.

Домашните ракометари отворија со подобра одбрана, расположен голман и водство од 2-0. Сепак, и Вардар имаше што да покаже бидејќи Томовски врати со интервенции и израмни на 2-2.

Вардарци полека ја преземаа иницијативата. Вујовиќ ја бараше поставата и по исклучувањето на Моралес и влегувањето на Кевин Њокас почнаа и работите да одат во посакуваната насока.

Вардарци беа на плус два. Во 22 минута дојдоа до водство од 11-8, а веднаш потоа и до 12-8. Добра најава за можеби лесна завршница на првиот дел. Вардар влезе во период на мала криза и грешки при што домаќинот успеа да казни, па на одмор се замина со 13-13. Тоа беше резултат со кој се замина на одмор како најава за крајно неизвесен натпревар

Вториот период почна одново со криза во нашата игра. Елверум набрзина стигна до 16-13. Десетина минути се бараше приклучок, па во 41. минута стигнавме до реми 18-18. Одбраната беше клучот и секоја топка беше максимално важна.

На околу 40 секунди до крајот Вардар доби можност за напад за победа при 27-27, но Гаџа реши да оди на финта и шут од шест метри. Сепак, биеше покрај голот, а за домашните остана време за напад. Во последниот напад и Елверум не успеа откако Томовски го одбрани последниот удар за конечни 27-27.

Во следното коло во Скопје доаѓа екипата на Мешков.

* Фото-галерија од натпреварот

* Записник од натпреварот Елверум - Вардар 27-27 (13-13)

 

четврток, 16 Септември 2021 - 00:21

Share on Facebook