
Вардар гостуваше во Прилеп и во рамките од третото коло освои нови три бода триумфирајќи со 34-19 (17-12) со што се искачи на првото место на табелата во Група А. Ова беше трет триумф за „црвено-црните" сезонава во првенството и имаат максимален број на бодови.
Во Прилеп не патуваа Куни Моралес и Борко Ристовски, а во тимот беше Марио Стојановски.
Домаќинот во Прилеп до 12 минита даваше отпор и имаа и водство од 6-4. Потоа со двата гола по ред на Дејан Манасков израмни на 6-6 и од тој момент па се до крајот на натпреварот Вардар имаше водство. Како одминуваше времето така и водството се зголемуваше.
Во првиот дел од натпреварот Дејан Манасков постигна седум од вкупно осумте гола на средбата. На полувреме Вардар водеше со 17-12. Само што почна второто полувреме Вардар направи серија од 9-1 и веќе водеше со 28-13. Немаше дилеми за победникот.
Највисоката предност што Вардар ја имаше беше 32-14, 33-15 и 34-16. До крајот Прилеп постигна три голе по ред намалувајќи го резултатот на 34-19.
Прилеп - Вардар 19-34 (12-17)
Прилеп: Дамчевски, Бикоски 3, Вренцоски, Ангелески, Адамчески, Шокоски 10, Крстески, Лозаноски, Трајкоски, Шантурија, Павлов, Христоски, Гавашелишвил 3, Ѓоргиев 3, Стојксоки.
ВАРДАР: Манаско 8, Стоилов, Георгиевски 4, Добрковиќ 1, Карапалевски 1, Томовски, Чувара 5, Лазаревски 2, Саврески 2, Талески 6, Ѓукиќ, Атанасовски 2, Стојановски 1, Ќосевски 2, Мишевски, Гогов.