Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Вардар се пласираше на Ф4 турнирот во Купот на Македонија откако во четвртфиналната група оствари две победи викендов. Бидејќи немаше домаќин на групата се играа два полуфинални натпревари кај тимот што прв беше извлечен во ждрепката. Потоа финалето беше во Струга.,

Во полуфиналето на групата Вардар со 45-21 го победи Прилеп. Потоа во финалето се сретнавме со Струга и победивме со 29-24. На мечот во Струга и во Скопје игравме со комбинирани екипи каде имавме неколкумина од кадетската екипа.

На финалниот турнир покрај Вардар се пласираа уште и екипите на Еурофарм Работник, Металург и Бутел.

Наскоро ќе биде и ждрепката за полуфинланите двојки и местото на одигрување на Купот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, четвртфинални групи, резултати:

Група 1
Астраион – Вардар Јуниор 22-34
Охрид – Еурофарм Работник 20-34
финале: Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 38-27

Група 2
Радовиш – Пролет 16-39
Металург – Јуниор Кисела Вода 39-21
финале: Металург – Пролет 31-29

Група 3
Тиквеш – Борец 40-31
Пелистер – Бутел Скопје 20-29
финале: Бутел Скопје – Тиквеш 36-29

Група 4
Вардар – Прилеп 45-21
Струга – Металург 2 36-28
финале: Струга – Вардар 24-29

 

понеделник, 22 април 2019 - 11:51