Вардар се договори со голманот Калифа Гедбан

Македонскиот ракометен првак ги испочитува роковите и за настап во групната фаза од лигата на шампионите го потпиша 21 годишниот голман од Калифа Гедбан. Тој е репрезентативец на Алжир и лани настапуваше за својата земја на младинското СП.

Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Во летниот период беше на подготовки со тимот на Анхел Хименз во Шпанија, но во меѓувреме нашиот клуб се договори за негов трансфер во Скопје.

Тој ќе биде првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра за нашиот тим. Вардар го пријави Гедбан за настап во ЛШ, и тој ќе биде дел од тимот на следните натпревари

Со своите настапи последниве сезони доби доста понуди за настап. Станува збор за голман висок 200 см. за кого се предвидува дека во иднина ќе биде добра перспектива.

Вардар викендов гостува во Франција кај Монпелје во рамките од првото коло на групната фаза од лигата на шампионите.

вторник, 11 Септември 2018 - 18:20