Вардар рутински до трите бода против Еурофарм Пелистер 2

Вардар направи уште еден чекор кон одбрана на титулата, 15-та во клупската историја победувајќи го тимот на Еурофарм Пелистер 2 со 34-23 во 8. коло од плејофот во домашното првенство. До крајот на првенството остануваат уште две кола, и двете во Скопје, во гости кај Бутел и дома против Тиквеш. Потребни ни се две победи за потврда на титулата.

Вардар уште од самиот почеток поведе со 7-2 во 8 минута што потоа се покажа како клучно. Скопјани не се опуштија, и од самиот почеток играа со речиси насилниот состав, со истиот со кој триумфираа и во Битола.

Двата тим ќе се сретнат повторно во петок во полуфиналето на Купот на Македонија во Кавадарци, но овој дуел покажа дека вардарци ја темпираат формата за најважните натпревари што се пред нив. Осумте гола предност на полувреме беа највисоката предност во тој дел од натпреварот.

Само што почна второто полувреме Вардар повторно засили и го зголеми водството на „плус 9". Во 41 минута Тимур Дибиров првпат ја мина границата од „плус 10" за водство на Вардар од 24-14, а откако Томовски фати еден зицер на Васко Димитровски во полуконтра Стоилов зголеми на 25-14.

Во 45 минута предност отиде на „плус 12" најавувајќи дека Вардар рутински треба само да го заврши мечот бидејќи бодовите остануваат во Скопје. 

Филип Талески и Тимур Дибиров со по 6 гола беа најефикасни кај Вардар, а Дарко Ѓукиќ постигна едне помалку. Кај гостите Димитар Димитриоски постигна седум гола.

* Записник од натпреварот - vardar_-_eurofarm_pelister_2_maj_2022.pdf

* ФОТО-ГАЛЕРИЈА од натпреварот

 

недела, 8 мај 2022 - 14:32

Share on Facebook