Вардар рутински до победа против Металопластика


Вардар1961 направи чекор до пласман меѓу осумте најдобри екипи во СЕХА Газпром лигата, откако во првиот меч од плејофот ја победи Металопластика со 39-31 (19-14). Реваншот се игра утре, повторно во Скопје и вардарци се фаворити за нов триумф.

Гостите од Шабац допатуваа без неколку стандардни ракометари, и со 13 играчи, но и покрај тоа повеќе од половина од првото полувреме не само што одолеваа туку беа и рамноправен ривал. Гостите имаа и водство од 6-2, а Вардар беше екипата што бараше начин како да направи пресврт.

На Вардар му одеше лошо во тој период, и му требаше време да влезе во ритам. Четирите гола предност на Металопластика стоеја до 8:4, а потоа со 5:0 вардарци го презедоа водството. После 13:13 дојде до кревање на нивото и до крајот на полувремето се стигна до 19:14, а со овој резултат се замина и на одмор.

* Фото-галерија од натпреварот

Второто полувреме беше далеку помирно. Екипата на Вардар имаше целосна контрола. Постојано беше во предност и имаше водство од шест или седум гола. Се работеше одлично така што играчите на Металопластика не успеаја да намалат.

Прв стрелец на средбата беше Јотиќ со десет гола, додека Дибиров имаше седум гола. Во редовите на Металопластика Иваниќ имаше девет погодоци.

 

понеделник, 7 јуни 2021 - 19:42

Share on Facebook