Вардар рутински до бодови на дуелот со Тиквеш

Вардар останува на првата позиција на табелата во машката Супер лига откако во 10. коло на домашен терен го победи Тиквеш со 34-27 (18-13). „Црвено-црните" повторно играа со комбиниран состав во кој ги немаше Ристовски, Дијало, Моралес, Чувара, Валчак, Георгиевски, Гаџа, Сафар.

Од почетокот на средбата Вардар постепено успеваше да дојде до контрола на натпреварот. Имаше игра со која го зголемуваше водството, иако Тиквеш не се предаде, па во еден момент намали на 11-10. Тоа беше последно предупредување за Вардар, па од тој момент набрзина постигнаа пет гол аи поведоа со 16-11.

Дибиров беше лидерот во нападот кој го полнеше голот на Тиквеш. Имаше десет гола во првото полувреме во кое Вардар беше во предност со 18-13.

 

* Фото-галерија

Предноста од пет погодоци во првиот дел само беше зголемена во вторите 30 минути. Брзо се зголеми предноста на 23-15, па потоа почнаа и ротациите во составот. Поголема шанса добија Карапалевски, Савревски, Крстевски, Гогов, Мишевски, Ќосевски.

Без поголем проблем се дојде до разлика кој гарантираше нова победа. Кавадарчани, пак, во завршницата искористија шанса за да намалат, па на крајот беше 34:27 за Вардар.

* Записник од натпреварот - vardar-tikvesh_10.11.2021.pdf

среда, 10 ноември 2021 - 20:13

Share on Facebook