Вардар против Металург ќе го брани трофејот во Купот

Екипата на Вардар се пласираше во финалето на Купот на Македонија откако го победи Еурофарм Работник со 35-30 (18-16) на Ф4 турнирот што се одржува во Куманово. Во финалето нашите момци ќе играат против Металург, утре од 20 часот.

Тимот од Битола беше рамноправен само во првите три четвртини од натпреварот, кога колку-толку одржуваше резултатска рамнотежа. Потоа Вардар уфрли во „повисок степен" ги искористи сите шанси и направи разлика од 5-6 гола што беше доволно за конечен триумф.

Сега Вардар ќе игра за својот 14 трофеј во Купот со што ќе остане најуспешен тим во историјата на Македонија, а истовремено ќе се обиде да биде и првиот тим што освоил шест Куп трофеи по ред.

Откако се пласираше во Келн на Ф4 турнирот сега следуваат повеќе мечеви што треба да се одиграат од домашното првенство и Купот со цел навреме да заврши домашното првенство. „Црвено-црните" одиграа колку што им требаше да победат иако изгледаше дека противникот има противигра. Сепак кога беше потребно екипата играше максимално квалитено и секоја шанса беше претворена во гол.

Вардар - Еурофарм Работник 35-30 (18-16)
ВАРДАР: Стоилов 2, Недановски, Поповски, Криштопанс 4, Мораеш 7, Карачиќ 4, Скубе 7, Калараш 1, Дибиров 6, Шишкарев, Војводиќ 2, Кисељев 1, Милосављев, Мишевски, Кизиќ, Ставревски.

 

петок, 10 мај 2019 - 21:27