Вардар против Еурофарм Работник во полуфиналето на Купот

Одбраната на Куп титулата за ракометарите на Вардар ќе почне на 10 мај со дуелот против Еурофарм Работник. Со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки од Купот што треба да се игра во Куманово.

Во второто полуфинале се среќаваат Металург и Бутел.
Полуфиналните дуели се играат на 10 амај во термините од 17 и 20 часот. Ракометната федерација на Македонија заедно со Куманово како коорганизатор ќе решат кој натпревар во кој термин ќе игра.

Финалето е закажано за сабота, 11 мај во 20 часот.

 

петок, 3 мај 2019 - 12:31