Вардар против Барселона во полуфиналето на ЛШ

Слично како и пред две сезони во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите Вардар ќе игра против Барселона. Ждрепката сакаше двете екипи сезонава по третпат да играат меѓусебе во борба за пласман во финалето. Во второто полуфинале се среќаваат Веспрем и Кјелце. Полуфиналните натпревари од ЛШ се на 1 јуни, а финалето на 2 јуни во Келн.

„Сите тимови имаат исти шанси за победа. Барселона е голем фаворит, таа беше прва во групата и двапати славеше против нас, но ние сме Вардар и не се откажуваме до крај. Мислам дека претходните натпревари од групната фаза нема да бидат важни за подготовките за Ф4", изјави Стојанче Стоилов капитенот на Вардар веднаш по ждрепката.

вторник, 7 мај 2019 - 12:56