Вардар почна со подготовките за сезоната 2019/2020

Европскиот првак Вардар ги почна подготовките за новата сезона. Новиот тренер Давид Писонеро и шестемина нови ракометари се појавија на првата прозивка, и го одработеа планираниот тренинг.

Сезонава „црвено-црните" ќе бранат четири трофеи: во првенството на Македонија, Супер куп на Македонија, СЕХА Газпром лигата и во ЕХФ лигата на шампионите. Засилувања за сезоната 2019/2020 во Вардар се: Димитар Димитриоски, Павел Атман, Жозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко. Тренер на екипата е Шпанецот Давид Писонеро.

Според направениот план од 24 јули до 2 август ќе се тренира во Скопје каде ќе бидат зивршени и сите потребни прегледи. Ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност на играчите. На 2 август се заминува за Требиње, БиХ каде ќе продолжат со подготовки и ќе настапат на турнир на кој ќе играат и: Борац Бања Лука, Леотар, Металопластика, Бутан изола и Извиѓач. Тој турнир ќе се игра во период од 9 до 11 август.

По враќањето од БиХ ќе се работи во Скопје се до заминување за Саудиска Арабија на Супер Глоуб. Таму Вардар ќе настапи во периодот од 27 до 31 август.
На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија)


 

Повеќе фотографии од првиот тренинг на следниот линк 

 

среда, 24 јули 2019 - 19:53