Вардар почна со подготовките за пролетниот дел

Во екот на СП во ракомет што се одржува во Германија, во СЦ „Јане Сандански" почнаа подготовките за пролетниот дел на сезоната. Вардарци се собраа и почна со подготовките за наредните денови ќе пристигнат и сите ракометари кои е планирано да бидат тука, а не се бел од некоја репрезентација.

На вториот тренинг се приклучија и Даинис Криштопанс и Јања Војводиќ, со што сега бројот на ракометари е десет. деновиве треба да пристигнат и Вуко Борозан и Рожерио Мораеш кои се на рехабилитација по направените операции. И двајцата работеа досега индивидуално според посебна програма, а сега ќе бидат дел од тимските подготовки.

Откако ќе бидат извршени потребните лекарски прегледи и тие треба да се приклучат на тимот. Ќе се тренира во Скопје, а со тимот ќе бидат и неколкумина помлади ракометари од вториот тим. Со екипата е помошник тренерот Билјана Црвенкоска.

Најголем дел од ракометарите се отсутни поради настапот на СП во Германија. Така со своите национални репрезентации се: Милосављев, Стоилов, Поповски, Дибиров, Калараш, Кисељев, Карачиќ, Шишкарев и тренерот Парондо кој е дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија.

Акцент ќе биде ставен на физичката подготовка, а откако тимот ќе се комплетира ќе има и тактичко воигрување. Првиот натпревар треба да го играме на 31 јануари и тоа во гости кај Војводина во Нови Сад во СЕХА Газпром лигата.

среда, 9 јануари 2019 - 16:54