Вардар по вторпат доби “Златна бубамара“

Втората европска титула и годинава ни ја донесе Златната бубамара на популарноста.

Додека ракометарите на „Вардар" излегуваа на сцената, дуото „Некстајм" ја пееше „Ја излези, Ѓурѓо". Публиката ги пречека вардарци со триминутен аплауз, а статуетката златната буба мара за спортски успех на годината ја прими Иван Чупиќ.

Спортската историја се повтори. Ракометниот клуб „Вардар" минатата година повторно стана европски првак на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

петок, 28 февруари 2020 - 13:43