Вардар по триумфот во Бутел се искачи на првото место на табелата

Марко Кизиќ имаше 17 одбрани на средбата, а Владо Недановски постигна 10 гола

На половина од машката Супер лига, екипата на Вардар е единствен тим што нема загубено ниту еднебод по пет одиграни натпревари. На гостувањето кај Бутел триумфираа „црвени-црните" со 43-31 (24-12) и имаат 15 бода, исто колку и Еурофарм Работник, но битолчани имаат еден натпревар повеќе одиграно.

Иако без неколку првотимци: Милосављев, Карачиќ, Дибиров и Чупиќ нашиот тим немаше никакви проблеми, па тренерот Парондо можеше да им даде шанса и на кадетите од тимот на Андријана Будимир кои во домашното првенство често настапуваат за првиот тим. Ова се натпревари на кои тие собираат драгоцено искуство. Одлично одигра и Владо Недановски кој беше најдобриот стрелец кај Вардар со 10 гола, од што шест во првото полувреме. Неговите брзо контри и прецизни шутеви беа нерешлива загатка за противникот.

Еден од јунаците на средбата беше нашиот голман Марко Кизиќ кој имаше 17 одбрани, и тоа добро се виде во првиот дел кога Вардар играше агресивна одбрана и имаше брзи контри. Уште по првото полуврем „црвено-црните" водеа со 24-12 па немаше дилеми околу победникот. Јања Војводиќ во овој дел од средбата постигна пет од вкупно осумте гола на средбата.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Вардар, и во еднеемомент имавме и „плус 17" за водство 32-15. Веќе се беше решено, па во игра можеа да влезат и кадетите, па Ставревски и Грујовски постигнаа по еден гол. На крајот од средбата разликата беше исто како и онаа на полувремето, „плус 12" и победа од 43-31.

Утре нашиот тим гостува во Битола кај Пелистер со што почнува вториот дел од разигрувањето за титулата.

Бутел - Вардар 31-43 (12-24)

Бутел: Лазароски, Младеновски 3, Стојановски 1, Божиновски, Димовски, Спасовски, Мојсоски, Ѓеоргиевски, Николов 1, Печенковски 3, Давидовиќ 1, Панченко, Блажески, Григориев 8, Василевски, Мајиќ 14.

ВАРДАР: Стоилов, Недановски 10, Поповски 3, Криштопанс, Мораеш 5, Ставревски 1, Грујовски 1, Скубе 2, Калараш 1, Калифа, Горбок 2, Шишкарев 4, Кисељев 4, Мишевски 2, Кизиќ.

вторник, 14 мај 2019 - 21:52