Вардар по 10. пат ја победи Војводина во СЕХА лигата

Актуелниот петкратен шампионот на СЕХА Газпром лигата мораше да вложи повеќе напор отколку што се очекуваше за да се освојат бодовите и да се изборат за победа против аутсајдерот Војводина. Домашната екипа победи со 26-23 (11-11) и Вардар останува на првата позиција во групата А со 15 поени.

И на двата тима им недостасуваа некои клучни играчи, а во одреден период на играта Вардар во поле играше со четири крила. Тимур Дибиров и Иван Чупиќ покажаа дека се способни да играат на бековската позиција доколку тоа биде потребно. И покрај тоа што Вардар поведе со 10-6 во 25. минута му дозволи на гостинот да постигне четири гола во низа и да изедначи на 10-10.

Ракометарите на Војводина изгледаа помотивирани и пожртвувани во натпреварот и тоа им донесе резултат. Скоро во целиот меч заостанаа за 1-2 голови и секогаш беа закана за Вардар.

Како и во многу други натпревари, Вардар во последните 10 минути направи круцијална гол разлика. Војводина притискаше цело време, но кога Вардар поведе на пет минути пред крај со 26-21 тоа беше силен знак дека домашната екипа ќе победи ќе ја прослави својата 10 победа во меѓусебните натпревари со Војводина во СЕХА Газпром лига.

Сташ Скубе со седум гола беше најдобар стрелец за Вардар, а Димитар Димитриоски постигна шест гола. Стахиња Станковиќ постигна седум гола за Војводина.

Во следното коло Вардар ќе биде домаќин на Мотор во дербито во групата, меч со која ќе се одлучи која екипа ќе биде поблизу до првата позиција и ќе игра директно во четвртфиналето.

Едуард Кокшаров - тренер на Вардар
„Пред натпреварот рековме дека имаме свои планови, бидејќи како што знаете, имавме тежок натпревар вчера и во исто време имавме проблеми со повреди на неколку играчи. Денес се обидовме да победиме и да одмориме некои од играчите, бидејќи мораме да одиграме уште еден тежок натпревар во сабота. Планот беше без да брзаме, да победиме, и тоа го сторивме. Сакам да им честитам на целиот тим и на моите момци за денешната победа"

Домен Сикошен Пелко - играч на Вардар
„Одигравме два тешки натпревари за два дена и како што знаете, немаме голем ростер. Сите одигравме максимум во текот на 60 минути. На моменти морам да признаам дека среќата беше на наша страна, но се боревме и освоивме три бода што беше наша цел вечерва"

Борис Ројевиќ - тренер на Војводина
„Честитки за Вардар за победата. Мислевме дека можеме да постигнеме подобри резултати. Промашивме неколку чисти шанси и малите детали беа пресудни за поразот. Имавме 5 топки кои им дадовме директно во рацете и тие ни дадоа лесни голови. Исто така, имавме празнина во средина и мислам дека тие ситни детали беа клучни вечерва. Му посакувам на Вардар се најдобро и во СЕХА и во Лигата на шампионите сезонава"

Милош Грозданиќ - играч на Војводина
„Нервозно влеговме во натпреварот во првите 5-6 минути кога пропуштивме неколку шанси. Сепак, во првото полувреме успеавме да дојдеме до реми. Во второто полувреме имавме неколку промашувања од јасни позиции, не искористивме да казниме и дозволивме домашната екипа да постигне голови во контра напад. Тогаш Вардар успеа да направи разлика и го доби натпреварот "

 

понеделник, 4 ноември 2019 - 23:43