Вардар патува на реванш во Загреб со преднос од „плус 4'

Традицијата продолжува кога е во прашање СЕХА лигата, и на натпреварите одиграни во Скопје победива тимот на Вардар. На првиот четвртфинален меч против ППД Загреб, трумфираше Вардар1961 со 24-20 (14-12). реваншот се игра на 31 август во Загреб, а победникот од овој двомеч ќе патува на Ф4 турнирот во Задар што треба да се игра од 3 до 5 септември.

Вардарци играа добро во одбраната, но нападот се уште делува конфузно и несигурно. во првото полувреме од самиот почеток Вардар поведе со 1-2 гола и таа разлика ја одржуваше до крајот н аполувремето.
Кудуз блескаше во неколку обиди од далечина, Гаџа се обидуваше да ја размрда хрватската одбрана и најчесто да додаде до пивотите Тото и Стоилов. Разлика во играта на линијата од шест метри се почуствува кога Стоилов влезе во игра во средина на првиот дел. Тото коректно си ја заврши својата работа на воведот на овој дуел, а откако одбраната на Загреб почна да се фокусира на пивотот Вардар загуби неколку клучни топки за зголемување на водството.

Гаџа го донесе Вардар на три гола разлика во воведот на вториот дел, 15-12. Кудуз ја продолжи низата на Вардар (16-12), која ја прекина Иван Чупиќ од линијата за седум метри. Се приближија ракометарите на Загреб на два гола негатива, а Чупиќ во седмиот пенал обид не успеа да го надмудри Томовски, па разликата од три голови се задржа и во средината на второто полувреме.

На осум минути до крајот Вардар остана со играч помалку на терен, откако Валчак заработи исклучување. Шипиќ ја намали разликата, но Дибиров на спротивната страна по одлична акција атрактивно заврши и постигна клучен гол за одржување на разликата. Томовски им донесе на вардарци напад за највисоки четири голови позитива, но Моралес ја погоди пречката, а по брза транзиција Загреб погоди од крило за „минус два" .

На пет минути до крај Чупиќ намали на еден негатива за ППД Загреб. На крајот Дибиров погоди за „плус три" за Вардар, 23-20, а по тајм аутот на Ивица Обрван Загреб погреши, по што следуваше контра-напад кој Кудуз го валоризираше за конечни 24-20 за Вардар.

Најпрецизен на теренот беше Иван Чупиќ со 8 голови, повеќето од линијата од седум метри. Кај Вардар Кудуз имаше седум погодоци исто колку пеналџијата Дибиров кој постигна и неколку клучни голови во финишот на средбата.

* Фото галерија од натпреварот

Ивица Обрван - тренер на ППД Загреб
„Голема е ова разлика на меч со толку малку голови. Штета што не го реализираме последниот напад. Договорот беше ако не успееме да постигнеме гол, да не примиме гол. Не беше добар натпревар од двете страни, се е уште отворено. Но, ова е највисока разлика во тек на мечот. Ќе биде тешко да се стигне, но мислам дека можеме.

Веселин Вујовиќ - тренер на Вардар1961
„Верувајте ми, на полувреме им кажам на играчите дека сакам да имаме два голови предност на полувреме и четири на крај. Четири голови е една сериозна разлика, и нема да има опуштање на пример ако е пет гола. Има уште многу. Ќе има многу борба.

Иван Чупиќ - играч на ППД Загреб
„Цел меч беше на 1-2 гола. Но, неколку лоши топки и екипа како Вардар знае тоа да го искористи. Има малку голови. Ќе дадеме се од себе, да пробаме да стигнеме. Треба анализа на првото полувреме, имавте технички грешки. Желба, страст има кај двете екипи, но за Задар треба многу малку.

Анте Кудуз - играч на Вардар1961
Одлично е да се игра пред навивачи во сала. Беше навистина одлично чувство. Ни дадоа ветар во грб. Имавме вистинска борбена меч. Паѓавме на моменти, но се вративме. Ништо не е готово. Ништо нема да брзам. Знаеме кој е Загреб и уште се игра таму. Одиме таму како да е 0-0 резултатот

 

петок, 27 август 2021 - 12:09

Share on Facebook