Вардар останува единствен тим што му зема бодови на Веспрем

Ракометарите на Вардар се единствениот тим сезонава во СЕХА Газпром лигата кои што успеаја да му земат бодови на актуелниот првак Веспрем. Повторно на меѓусебниот дуел беше реми, овојпат 30-30 со што е познато дека двата тима нема да може да се сретнат во полуфиналето на Ф4 турнирот во Вараждин.

Ова беше последен натпревар за Вардар сезонава во СЕХА Газпром лигата пред домашна публика, па останува само уште гостувањето кај Мешков Брест кое секако нема ништо да смени во однос на двојките за полуфиналето на Ф4 турнирот. Наш ривал во Вараждин во полуфиналето ќе биде ППД Загреб. Тие победија на натпреварот со Мешков и го избегнаа четвртото место. 
 
Иако натпреварот во Скопје меѓу Вардар и Веспрем немаше голем притисок, сепак двата тима беа расположени за играње, надигрување и желни за победа. Неизвесноста беше присутна во текот на целиот натпревар, а во самата завршница преку Матјаж Брумен успеавме да израмниме на 30-30. Тоа веројатно е најреалниот исход од натпреварот, бидејќи ниту една екипа не успеа да оствари позначајн апредност ниту пак да се одлепи резултатски.
 
Тренерот Раул Гонзалез реши да ги одмора Штербик, Горбок и Манасков, но иако игравме беш оваа тројка другите играчи нивното отстсутво го надополнија со максимална пожртвуваност.
 
Од почетокот на мечот на Вардар му требаа пет минути да „запали", а потоа направи серија од 6-1 и поведе со 7-5. Ја чуваше предноста, која достигна највисоки три разлика, а потоа исто така во пет минути ја загуби. Од 20. До 25. минута вардарци не успеаја да го најдат патот до голот, пред сѐ поради гранитниот Роланд Миклер на голот, па со серија од 5-1, Веспрем го презеде водството со 11-10 во 25. минута. Сепак, имаа нерви во завршните пет минути повторно да се вратат во позитива и со 13-12 да заминат на пауза.
 
Целото второ полувреме беше понапнато, подинамично, особено последните 10 минути. Во нив Вардар влезе со водство од 24-23, правејќи серија од 3-0. Но потоа Веспрем повторно возврати и дојде до 27-25 на шест минути до крајот. Меѓутоа вардарци беа упорни и решителни во нападот успевајќи да го урнат беспрекорниот Миклер денеска.
 
Вардар - Веспрем 30-30 (13-12)
Вардар: Ангелов, Милиќ, Стоилов 3, Брумен 1, Тоскиќ, Македа 3, Карачиќ, Душебаев 3, Абутовиќ, Лазаров 2, Циндриќ 6, Дибиров 6, Шишкарев 4, Недановски, Марсениќ.
 
Веспрем: Миклер, Алиловиќ, Иванчик 2, Шуц, Исаијас, Илиќ 10, Палмарсон 4, Нилсон 2, Наѓ 4, Угалде, Маргуч 2, Родригез 1, Терзиќ, Сулиќ 3, Лекаи 2, Слишковиќ.
 
вторник, 8 март 2016 - 19:43