Вардар остана без Куп трофејот

Вардар останува единствен тим што петпати го освојувал Куп трофејот, и не успеа во намерата да испише нова клупска историја. Во финалето на 27. Куп на Македонија нашите ракометари загубија дури по изведување на пенали од Металург, 32-33 (29-29, 16-12). По пауза од пет години преодниот пехар заминува од СЦ „Јане Сандански". Црвено-црните остануваа најуспешна машка екипа со 13 Куп трофеи.

Нашиот тим одигра две различни полувремиња, во првото во кое имаше контрола, одличен почеток од 5-3 и предност од 16-12 на полувреме. Имавме во текот на првите 30 минути предност од „плус 4" гола, иако во еден момент Металург намали на 11-12. Тоа као да беше опомена на вардарци, па брзо се соземаа и се вратија на вообичаената предност, па имавме „плус 4" на полувреме.

Вториот дел од средбата беше во знакот на нашиот противник. Металург израмни на 18-18 и оттогаш тие бе аво налет, па и во предност повеќепати. Вардар играше слаби, беа реализација. Откако во 39 минута Металург зголеми на 22-19, повторно Вардар се разбуди и за седум минути прави пресврт. Сега Вардар води, со 23-22, а потоа и 25-23.

Добра најава дека „црвено-црните" можат да го решат мечот во своја корист. На нашата лоша реализација Металург возврати со голови, и поведе со 26-25. До крајот има целосна неизвесност, и последните 18 секунди ги имапше Металург, но ударите беа одбранети. Пеналите требаше да го решат противникот.

Во пенал серијата, првите два удари на Чупиќ и Дибиров беа сопрени од противничкиот голман Дупјачанец. Потоа Карачиќ погоди, а Милосавњев гоодбрани пеналот на Пучник. Решавачкиот пенал го релаизираше Танкоски, со што Металург славеше со 33-32.

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 32-33 (29-29, 16-12)

ВАРДАР: Стоилов, Недановски 1, Поповски 4, Кристопанс 4, Мораеш 2, Ставревски, Карачиќ, Скубе 3, Гедбане 10 одбрани, Чупиќ 7, Дибиров 2, Горбок 1, Кисељев 3, Мишевски, Кизиќ, Милосављев.

МЕТАЛУРГ: Јагуриновски 4, Лазаревски 1, Димитриоски 2, Токиќ 6, Дупјачанец, Томовски, Танкоски 4, Серафимов, Даниловски, Младеновиќ, Шпенде 8, Пучник 1, Миличевиќ, Маџовски 1, Арсеновски 1.


 

сабота, 11 мај 2019 - 22:23