Вардар незапирлив, гази како фурија

Победничката низа на пионерите на Вардар продолжува. Избраниците на Андријана Будимир, се недостижни за ривалите на пионерското првенство, а на мечот со Велес 2009 во СЦ Кале триумфираа со 30 – 8 ( 11 – 4).

Црвено - црните го отворија мечот со серија за 10 – 1, кога ривалот го постигна вториот гол на натпреварот. Разликата во квалитетот, вештините и брзината на играчите беше лесно воочлива на мечот. Додека ние бевме незапирливи, гостите беа како стаписани. Во финишот на првото полувреме се изборија за уште три гола, и на пауза заминавме со 11 – 4.

Во следните 20 минути повторно следеа серии од голови од нашата страна, а големи паузи без погодоци од нивната страна. По деветиот наш гол во второто полувреме, противникот одговори со гол за резултат од 20 – 5. До следниот, шести нивен гол стигнавме до предност од 19 гола, односно, резултатот беше 24 – 5. Најголемата предност што ја имавме беше + 23 гола, за резултат од 30 – 7. Мечот заврши со 30 – 8.

Следниот меч од првенството гостуваме кај Металург јуниор.

Вардар – Велес 2009 30 – 8 (11 – 4)

Вардар: Мартин Јовевски, Марио Мишевски 3, Бојан Чакалиќ 3, Борис Павловски, Андреј Трајановски 1, Никола Жерновски 1, Дарјан Петков 1, Дамјан Димитриевски 3, Леонид Чорогунов, Дамјан Србиновски 2, Велимир Грујовски, Давид Савревски 7, Благој Димчевски 2, Давид Мирчевски, Бране Трифуновски, Симон Калајџиески 6.

сабота, 17 март 2018 - 21:32