Вардар не дозволи изненадување во Прешов и останува лидер во СЕХА лигата

Актуелниот првак во СЕХА Газпром лигата не дозволи изненадување на гостувањето во Словачка и се враќа со трите бода од дуелот со Татран, 27-26 (13-10), и „црвено-црните" ја продолжија серијата од 29 натпревари без пораз по ред во регионалното натпреварување.

Вардар имаше водство, иако во последната минута мораше да се брани, и голманот Дејан Милосављев одбрани во последните секунди. Нашиот тим останува на првото место во максимален број бодови по трите одиграни натпревари.

Вардар останува најуспешниот тим во СЕХА лигата со 114 победи во 147 натпревари. Ова е 10-та победа по ред за Вардар во дуелите со Татран. Двете екипи се меѓу основачите на СЕХА лигата и се од самиот почеток на нејзиното формирање.

Средбата во Прешов имаше возбудлива завршница. Вардар во 42 минута водеше со 20-15 и многумина помислија дека е се' завршено. Но, на терен почна да се менува сликата, и на секоја не реализирана наша акција домашните ракометари успеваа да казнат. На три минути до крај на средбата резултатот беше 25-25. Веќе немаше право на грешка. Ние поведовме а Татран се обидуваше и успеа да израмни.

Во последната минута прво ние реализиравме преку Сташ Скубе за водство 27-26. Потоа во последните секунди ударот од шест метри на Буторац го одбрани Дејан Милосављев. Одбиената топка отиде во аголот, а иако беше досуден прекршок тој удар од девет метри воопшто не беше сериозен.

Средбата почна слично како и претходните две. Нашите ривали беа рамноправни во почетниот дел од средбата. Татран дури имаше и водство од 10-7. Потоа дојде нашата очекувано добра игра, па со серија од 6-0 стигнавме до наше водство од 13-10. Потоа таа предност се зголеми на 15-10. Немаше најава дека Татран може нешто да направи, освен ако ние не им дозволиме.

Останавме присебни и кога еден напад се решаваше и сега можеме да се подготвуваме за првиот меч во лигата на шампионите со Монпелје.

Татран - Вардар 26-27 (10-13)

ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани и 2 седмерци), Кизиќ, Поповски 1, Кристопанс 4, Мораеш 3, Карачиќ 5, Скубе 1, Калараш, Чупиќ 3, Дибиров, Шишкарев 3, Борозан 6, Војводиќ, Кисељев 1, Мишевски.

недела, 9 Септември 2018 - 19:44