Вардар на уште еден меч постигна 40 гола

Меѓу двата натпревари од ЕХФ лигата на шампионите, Вардар1961 ги одработува домашните задачи и прва на листата беше дуелот со Радовиш од 2. коло на Супер лигата. Очекувано „црвено-црните" победија со 40-26 (20-17).

Шанса за играње повеќе добија оние што не настапуваат во лигата на шампионите. Гостите беа аутсајдери, и по почетните 2-2 потоа не можеа да го следат темпото на вардарци. Крилото Ален Ќосевски уште во првото полувреме ги покажа своите голгетерски способности постигнувајќи пет од вкупно 6 голови на средбата. Томислав Јагуриновски, Патрик Валчак и Јан Чувара беа веднаш зад крилото на Вардар, и сите постигнаа по пет гола.

Поголемиот дел од ракометарите кои играа во средата во Норвешка денеска одмораа, и во состав ги немаше интернационалците Тото, Диало, Кудуз, Моралес, Сафар, Гаџа како и Томовски и Георгиевски.

Откако Радовиш израмни на 2-2, следеше брз одговор на Вардар кој поведе со 5-2 и 10-3. Разликата се зголемуваше постојано и на одмор се замина со предност од 20-7 за Вардар. Уште тогаш се беше решено.

Во вториот дел Вардар стигна исто така до 20 гола, а во листата на стрелци не се запишаа смао оние што не влегоа во игра, Дарко Ѓукиќ и Тимур Дибиров, како и голманите Борко Ристовски и Васил Гогов.

Во следното коло во недела Вардар гостува кај Охрид.

* Фото-галерија од натпреварот

zapisnik_vardar_-_radovis.pdf

 

петок, 17 Септември 2021 - 20:57

Share on Facebook