Вардар на чекор до рекордна 13. титула

Ракометарите на Вардар направија голем чекор до нова, рекордна 13-та титула во првенството на Македонија. Тие во 7 коло од Супер лигата го победија Бутел со 28-20 и сега им треба само уште триумф на следната средба за да го осигураат трофејот.

Вардарци имаат 21 бод, шест повеќе од Еурофарм Работник и од Металург. Тимот од Битола има еден меч помалку одиграно. На 21 мај во Скопје е дербито меѓу Вардар и Еурофарм Работник и со триумф на „црвено-црните" титулата ќе биде потврдена за тимот од „Јане Сандански".

На дуелот против Бутел по пауза од повеќе од 1 месец во тимот се врати Кристијан Дисингер. Тој одигра речиси 60 минути, во напад и во одбрана. Ова беше тест да се види колку може да издржи пред важните дуели за вардарци во Келн на Ф4 турнирот во ЛШ. Дисингер постигна пет гола, два во првото и три во второто полувреме, а дел од нив беа вистинско ремен дело и неодбранливи шутеви за противничките голмани.

Од самиот почеток Вардар ја имаше иницијативата, а шанса да игра од самиот почеток доби и Димитри Кисељев кој за 30 минути постигна осум од вкупно десетте гола на средбата. Немаше никаква неизвесност, па тренерот Парондо имаше шанса и да комбинира со составот. Овојпат ги немаше во составот Чуииќ, Калараш, Војводиќ и Горбок

Вардар - Бутел 28-20 (16-10)
ВАРДАР: Стоилов 1, Недановски 2, Поповски 3, Криштопанс, Мораеш 3, Карачиќ, Скубе, Гедбан, Дибиров 2, Шишкарев 1, Кисељев 10, Милосављев, Мишевски 1, Дисингер 5.

сабота, 18 мај 2019 - 16:47