Вардар на 6. место на табелата во групата од ЛШ

По четвртиот одигран натпревар од А групата од ЕХФ лигата на шампионите, Вардар 1961 е на 6. место на табелата со три бода. На последниот меч, против Кјелце во Скопје, гостите од Полска триумфираа со 33-29, што е нивна прва победа во Македонија по пауза од повеќе од пет години. Следниот меч „црвено-црните“ го играат на 25 ноември на гости кај Кјелце.

Средбата против Кјелце ја почнавме одлично, имавме повеќе „лесни“ голови, брзо се движевме, ги користевме шансите и после седум минути веќе имавме водство од 5-1. Изгледаше како да го имаме клучот за успех против полскиот тим. На досегашните десет натпревари, шестпати триумфирале гостите, трипати Вардар, а еден меч заврши со реми. Но, во Скопје пет години трае доминацијата на „црвено-црните. од првта средба пред повеќе од пет години кога Кјелце победи, се потоа беше во наша корист, иако лани одигравме нерешено, 28-28. Сега повторно имавме одличен почеток на средбата. 

Но, пос добрите седум минути следуваа седум минути во кои Кјелце одигра подобро. Ги користеа нашите грешки, и послабата одбрана и во 14 минута израмнија на 7-7. Овој дел од натпреварот ветуваше интересен меч, па и доста голови, брза игра и пред се неизвесност. Ниту еден тим немаше сила да се одлепи резултатски. Потоа пак Вардар 1961 поведе а Кјелце израмнуваше. Се до 21 минута кога Иван Чупиќ израмни на 10-10. Потоа Кјлеце првпат се одлепи на „плус 2“ за водство 12-11, а Чупиќ пак намали на „минус 1“. Две наши грешки и нереализирани шанси на Чупиќ и Стоилов и плус една загубена топка, и Кјлеце веќе водеше со 14-11. Разликата од плус три гола се одржа и на полувреме, 16-13 за гостите.

Вкупно четирите одбрани на Ристовски и Категрел, во споредба со 10-те на Волф на спротивната страна ја направија разликата и соодносот од 53 отсто наспроти 73 отсто реализација на нападите во корист на Кјелце. Имавме повеќе упатени шутеви кон голот споредено со противникот, а помалку постигнати голови.

Второто полувреме донесе нова неизвесност, само овојпат Кјелце водеше. Имавме негатива од три, па и од четири голови, но Вардар 1961 најде сила да се врати во игра. Во 43 минута Патрик Валчак израмни на 21-21, а потоа Гоце Георгиевски донесе водство 22-21. Изгледаше како да се враќаме во игра и дека ја преземаме иницијативата. И повторно две технички грешки, две загубени топки по што гостинските играчи реализираат и од негатива од 1 гола, доаѓаат до предност од 1 гол (23-22) Капитенот Стоилов потоа израмнува на 23-23 во 46 минута.

Од тој момент Кјелце ги користи сите наши грешки, и лесно доаѓа до предност од 26-23 во 49 минута. Не се вративме во игра како претходно, зошто сега Кјлеце беше сигурне во нападот, играчите прецизни а нашата одбрана порозна и лесно примаше голови. На четири минути до крај на средбата Кјелце имаше предност од 31-26, и веќе се беше познато. Гостите ги освоија двата бода со триумф од 33-29.  

 

* Статистика од натпреварот

* Фото галерија од натпреварот

 

Прес-конференција по натпреварот



Изјави од прес-конференција по натпреварот Вардар 1961 - Кjелце

Талант Душебаев, тренер на Кјелце
"Респект кон Вардар, бидејќи на тим му е тешко да одигра само три натпревари во последните три месеци. Неверојатно е. Тоа е наша прва победа овде во последните пет години, но без навивачи за нас, беше малку полесно да победиме. Имавме многу среќа да играме без навивачи тука затоа што со нив мислам дека е невозможно да се победи. Игравме против тим кој нема редовни натпревари. Така беше полесно. Среќни сме што победивме. Се надевам дека сепак назад со забава - тоа поголема почит кон тебе и ти посакувам многу најдобро ".

Стевче Алушовски, тренер на Вардар
"Сакам да и честитам на Кјелце за победата. Тие знаеја како да казнат се што погрешивме во нападот. Во првиот дел, Кјелце не казни за грешките со водство од 3 гола. Второто полувреме имавме неколку ситуации што не ги искористивме и Кјелце ги искористи за да победи на крајот. Тие беа подобриот тим. Немавме решение за синот на Душебаев, одигра фантастично. Честитки за моите момци за нивната денешна игра, треба да погледнеме напред ".

Бранко Вујовиќ, играч на Кјелце
"Како што рече тренерот, имавме среќа што Вардар играше без публика. Среќни сме што победивме против екипа како Вардар, која е млада екипа со исто така искусни играчи".

Иван Чупиќ, играч Вардар
"Имавме добро отворање со добро одиграни шанси, лесни голови и добра транзиција, бевме подготвени за брза игра и, одигравме добро во првото полувреме. Второто полувреме го започнавме со 6-0, но не го искористивме. Волф конечно одбрани два - три удари на крајот, додека ние грешевме. И тим како Кјелце ги искористи. Тие знаат што сакаат во напад и знаат дека ќе има грешки и ги користат. Подобриот тим победи денес, за време на цел натпревар тие играа подобро. Имавме неколку убави моменти, но неколку добри минути не ја добиваат играта "

четврток, 19 ноември 2020 - 23:35