
Со двата бода сега „црвено-црните" имаа 13, и се искачија на второто место. По завршувањето на комплетното 10 коло ќе се знае дали Вардар уште отсега ќе обезбеди место во Топ-16 фазата, иако до крај ќе се бориме и за првото место што носи директно во четврт-финалето.
Ова беше шеста победа за Вардар сезонава во групната фаза и го прескокнавме полскиот тим на табелата. Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза.
Во последните минути од мечот имаше и неизвесност бидејќи гостите се приближија на само еден гол негатива, но Дисингер и Карачиќ погодија за водство, а клучна одбрана имаше и Калифа Гедбан во последната минута.
Вардар покажа дека и без неколку клични играчи како Борозан, Мораеш и Горбок има сила и квалитет да игра со речиси секој ривал, па и со Кјелце. Полјаците само на почетокот поведоа, а потоа се беше во знакот на „црвено-црните". Вардар ја имаше иницијативата, полека се зголемуваше предноста, а доколку бевме малку посконцентрирани ќе можевме уште во првото полувреме да имаме предност и до „плус 6".
Мотивирани беа вардарци да им вратат на гостите за приемот во Полска и за резултатот. Тоа нашите момци го докажаа. Игравме одлично, не само во напад туку и во одбрана. Дејан Милосављев повторно имаше извонредни одбрани и тоа од чисти ситуации. А тие се особено важни за вакви натпревари.
Во 10 минута имавме водство од 4-3 а потоа со серија зголемивме на 6-3. Се чинеше дека најдовме решение за противникот, а тоа продолжи и понатаму. Таа предност од 3 гола ја одржувавме се до 22 минута кога Игор Карачиќ зголеми на 12-7 што дотогаш беше најголемата предност за нас. Го добивме и расположениот Дисингер кој со неколку силни удари го покажа својот репeртоар.
Малку време треба за да се намали или зголеми предноста, а во самата завршница на првиот дел Кјелце успеа барем малку да намали, па од 14-9 во 26 минута гостите постигнаа два гола. На одмор заминавме со предност од 14-11, но и со мотив исто така да продолжиме и во вторите 30 минути.
И во второто полувреме ја одржувавме разликата, имавме неколкупати и предност од пет гола. Но, во последните минути дозволивме да има драма, и Кјелце да се понадева на можен бод. Во 55 минута гостите намалија на 26-25, имавме неколку нереализирани акции претходно и брзо се сврте ситуацијата. Но, кога требаше најмногу погодија Дисингре и Карачиќ, а голманот Гедбан ја имаше и клучната одбрана при резултат 28-26 за нас. Потоа беше рутина, имавме шанса и за плус три, но наместо тоа примивме гол.
Победата еособено важна за останување во игра за првото место, и за борба за што повисок пласман.
ВАРДАР – КЕЛЦЕ 28:27 (14:11)
ВАРДАР: Милосављев (11 одбрани), Стоилов 3, Оцвирк, Поповски, Кристопанс 5, Дисингер 3, Карачиќ 2, Скубе 4, Калараш 1, Гедбан (1 одбрана), Чупиќ 2, Дибиров 2, Шишкарев 3, Војводиќ, Кисељев, Мишевски.
КЕЛЦЕ: Цупара, Бис, А. Душебаев 5, Агинагалде 2, Јахлевски 1, Ивиќ, Јанц 2, Лијевски 2, Јуркиевиќ, Кулеш 3, Морито 1, Циндриќ 3, Фернандез 1, Д. Душебаев 1, Каралек 1.