Вардар ќе игра за бронзен медал во Келн

Вардар повторно ќе игра со ПСЖ на Ф4 турнирот во Келн, овојпат во борба за бронзен медал.

Во лигата на шампионите ќе има француско финале. Вардар во полуфиналето загуби од Монпелје со 27-28. Имавме 19 секунди за последниот напад, но ударот на Вуко Борозан заврши покрај голот на Французите. Ова е прв триумф на Монпелје во досегашните меѓусебни дуели со Вардар во лигата на шампионите.

Во мечот за бронзен медал Вардар ќе игра со ПСЖ во реприза на ланското финале. Натпреварот се игра утре во 15,15 часот.

Од самиот почеток на средбата Монпелје имаше водство. Вардар единствено во 14 минута успеа да поведе со 7-6. Откако Французите повторно поведо со 9-7 Раул Гонзалез побара тајм аут и смени неколку играчи, па во напад ги внесе Македа, Марсениќ, Карачиќ. На крајот од првиот дел примивме гол во последните секунди по што Монпелје имаше предност од три гол, 14-11.

Вардар тргна одлично во второто полувреме. Борозан и Циндриќ постигнаа неколку гола и го донесоа шампионот до гол негатива. Дури Вардар имаше и напад за израмнување откако Карачиќ успеа да ја извади топката упатена кон празниот гол. Сепак, место 18:18, следуваше мала криза, а тоа Монпелје го искористи за одново да стигне до плус три и да има 20:17.

Неколку минути Вардар се обидуваше да израмни на 21:21, но тоа не одеше. Имаше шанса, но никаков немаше доволно добар простор за шут што резултираше на крајот со нов гол од Ричардсон за нова предност на Монпелје од два гола.

Така беше до 90 секунди пред крајот од средбата кога Вардар конечно успеа да израмни со голот на Стоилов на 27:27. Монпелје тргна во напад и при првиот шут топката заврши во пречката, но се одби во рацете на играч на Французите. Потоа Симонет успеа да реализира, а за Вардар останаа 20 секунди за последен напад, а Вуко Борозан биеше крај голот. Тука заврши целата приказна, а проклетството на Вардар остана бидејќи и понатаму остана фактот дека шампионот не може да ја одбрани титулата.

ВАРДАР – МОНПЕЛЈЕ 27-28 (11-14)

ВАРДАР: Штербик, Милиќ, Стоилов 1, Кристопанс 1, Мораеш 2, Македа 4, Карачиќ, Абутовиќ, Канељас 1, Циндриќ 6, Чупиќ 5, Дибиров 1, Шишкарев, Борозан 6, Војводиќ, Марсениќ.

 

 

сабота, 26 мај 2018 - 19:52