Вардар ќе игра за бронзата на Супер Глоуб

Во вториот обид да стигне до финалето на Супер Глоуб, неофицијалното клупско ракометно првенство ракометарите на Вардар стигнаа само до полуфиналето. Останува шансата да се стигне до бронзениот медал, исто како и пред две години кога „црвено-црните" го освоија третото место. Лошата традиција за шампионот од ЕХФ лигата на шампионите продолжува и сега, авеќе шеста година тимот што победувал во Келн не стигнува до титулата на Супер Глоуб.

Овј полуфинален меч имаше две различно полувремиња, во кои Вардар ги покажа и своите добри и слаби страни. Ако во првиот дел кога се играше долго време „гол за гол" ја имавме концентрацијата, тоа не беше случај во вторите 30 минути. Но, некако изгледаше дека повторно ќе биде „полесно" со германските тимови. Вардар поведе со 14-11 што беше наше највисоко водство.

И потоа следуваше лош период во која противникот ги искористи нашите грешки во нападот па преку брзи контри намали, изедначи па дури и поведе. Примивме гол во последните секунди од првото полувреме со што Кил направи серија од 8-3 и имаше водство од 19-17.

Кил одигра поинаква одбрана во второто полувреме, со повеќе измени а Никола Билик од каде и да шутнеше погодуваше. противникот имаше серија од 7-0 која беше клучна икоја го реши победникот. Во таа 45 минута Кил водеше со 29-21, како најава за триумф.

Во последните седум минути направивме серија од 7-2, но немаше време за пресврт. Кил триумфираше со 34-30.

„Одигравме добро прво полувреме во ко епокажавме дека можеме добро да играме и во напад и во одбрана. Потоа следуваа наши грешки што Кил ги искористи, а кога таква екипа ќе поведе со девет гола тоа тешко се стигнува. Голманот Ландин одигра клучна улога на почетокот н авториот дел од средбата. Видов многу работи што можеме да ги подобриме и ќе работиме сето тоа да биде добро до почетокот на сезоната во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите, изјави Давид Писонеро, тренерот на Вардар.

ВАРДАР – КИЛ 30-34 (17-19)

ВАРДАР: Гедбан (8 одбрани), Кугис (1 одбрана), Кизиќ, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 3, Пелко 3, Дисингер 2, Атман 2, Скубе 2, Чупиќ 5, Дибиров 5, Горбок 1, Шишкарев 5, Горпишин 2.

КИЛ: Н. Ландин, Квенштед, Дувњак 2, Рајнкинд 3, М. Ландин 3, Кристјансон, Вајнхолд 1, Винцек 1, Екберг 6, Рамел 2, Дамке 2, Зарабец 2, Хорак, Билик 9, Пекелер 1, Нилсон 2.

четврток, 29 август 2019 - 19:57