Вардар ќе игра со Мешков во полуфиналето на СЕХА Ф4

Уште една сезона Вардар го заврши регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата како првопласиран. Неколку кола претходно веќе бевме пласирани на завршниот турнир, но дури по последното коло беше познато кои ќе бидат полуфиналните двојки. Ф4 турнирот ќе се одржи на почетокот на април, на 2 и 3 во Брест, Белорусија.

„Црвено-црните" одиграа 18 кола, и остварија 14 победи и четири порази освојувајќи 42 бода. ППД Загреб, Нексе и Мешков ги освоија другите три места, и сите имаат по 39 бода. Во таа мини табела, Мешков беше најслаб и затоа го освои четвртото место.

Во полуфиналето на Ф4 СЕХА Газрпром лигат Вардар ќе игра против Мешков, а во второто полуфинале ќе играат Нексе и ППД Загреб. Победникот од овие полуфинални средби, следниот ден на 3 април ќе се борат за трофејот.

Вардар и Мешков веќе играа меѓусебе во полуфиналето во СЕХА лигата во Брест пред две сезони. Тогаш Вардар беше убедливо најдобриот тим во лигата и лесно у убедливо ја освои титулата триумфирајќи над Веспем.

Вардар е единствен тим со четири титули во СЕХА Лигата, и само втор што има две титули по ред. Сега имаме шанса по третпат по ред и петти пат во клупската историја да ја освоиме регионалната лига.

Брест е вториот град каде по вторпат ќе се игра Ф4 турнирот од СЕХА. Претходно само Скопје двапати беше домаќин.Досега само двапати домаќинот на Ф4 турнир успеал да победи, еднаш Веспрем и еднаш Вардар.

четврток, 14 март 2019 - 09:10