Вардар јуниор заблеска со две победи, во кадетска и во младинска конкуренција

По силниот старт во кадетското првенство, избраниците на Андријана Будимир и Аце Станковски одиграа цврсто и против постарите ракометари во младинска конкуренција. На првиот натпревар од државното првенство Вардар Јуниор ги победија младинците на Пролет 62 со 37 : 25. Два дена претходно екипата триумфираше со 37 : 22 против екипата на Алушовски во кадетска конкуренција.

Натпреварот против Пролет 62 уште на почетокот ја најави доминацијата на вардаровите ракометари. Иако Пролет 62 го отворија мечот со првиот гол, Вардар јуниор одговорија со 3 : 1. Речиси цело полувреме одржувавме предност од +3 голови, но во последните минути порасна на +7. На пауза заминавме со предност 17 : 10. Во следните 30 минути поведовме со +10 кои до крајот на мечот станаа +12.

На листата на стрелци се издвои нашиот Бојан Чакалиќ со 8 голови.

ВАРДАР ЈУНИОР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски - 5, Бојан Чакалиќ – 8, Филип Атанасовски – 1, Дарјан Петков, Андреј Такалевски, Дамјан Димитриевски – 2, Бране Трифуновски, Дамјан Србиновски – 1, Велимир Грујовски, Давид Савревски – 6, Андреј Пешевски – 5, Благој Димчевски – 3, Леонид Киселоски – 3, Симон Калајџиески – 3, Христијан Михајловски.

На натпреварот во кадетската конкуренција Вардар јуниор триумфираше против Алушовски со 37 : 22. На домашен терен младите ракометари настапија самоуверено, но нивната надмоќ се покажа по изедначувањето 3 : 3. До крајот на полувремето Вардар јуниор водеше со 19 : 10. Немаше изненадувања ниту во второто полувреме, и до крајот водевме со + 15.


Најмногу голови на натпреварот постигна црвено – црниот Леонид Киселовски – 9.

Фотогалерија од натпреварот на следниов линк.

ВАРДАР ЈУНИОР: Давид Стојкоски, Марио Мишевски - 1, Бојан Чакалиќ – 4, Борис Павловски, Филип Атанасовски – 1, Ненад Ангеловски, Дарјан Петков - 1, Дамјан Димитриевски, Дамјан Србиновски – 3, Велимир Грујовски - 2, Давид Савревски – 7, Андреј Пешевски, Благој Димчевски – 2, Леонид Киселовски – 9, Симон Калајџиески – 7, Христијан Михајловски.

понеделник, 7 октомври 2019 - 19:50