Вардар јуниор во Велес не можеше против Илиев

Вардар јуниор загуби на гостувањето во Велес, 33-37 (16-21) но не од целиот тим на Борец туку од Илица Илиев кој постигна вкупно 15 голови на средбата и беше главниот виновник за резултатското одлепување на домашните ракометари во вториот дел од првото полувреме.

Нашите млади момчиња добро се држеа од почетокот, имаа и водство од 8-7. Тогаш Борец направи пресврт и поведе со 10-8. Ние уште бевме во игра, иако имавме негатива од 10-11, 11-12. А потоа пак добра игра на Борец и Илиев и домашните „избегаа" на 16-21.
Ивица Илиев само во првото полувреме постигна 12 голови, и токму тој ја направи оваа разлика што Борец ја имаше.

Потоа беше потешко да се игра, Борец веќе фати ритам, а ние секогаш требаше да бркаме негатива. Намаливме на „минус 3" во завршницата ама без сили за изненадување.
Дејан Кукуловски постигна 10 гола за Вардар, а Стефан Трпчевски еден помалку.

* статистика од натпреварот - borec-vardarjunior.pdf

 

недела, 15 октомври 2017 - 17:44