Вардар јуниор со шест победи го заврши есенскиот дел од сезоната

По 14 одиграни кола до домашното првенство во машката Супер лига, нашата втора екипа Вардар јуниор оствари шест победи и е на 6 место на табелата со 18 бода. Во последниот меч годинава гостувавме во Охрид од каде се враќаме со пораз 18-33 од второпласираниот тим на табелата.

Во Охрид пресуден беше лошиот почеток на натпреварт каде гостите брзо поведоа со 6-1 што беше знак дека тренерот Стојан Петрушевски да бара тајм аут. Но, поискусните домаќини продолжија со добрата игра и брзо потоа кон крајот на првото полувреме веќе имаа „плус 10", за водство 16-6.

Ние заминавме на гостувањето без неколку стандардни играчи како Кизиќ, Кукуловски и Ќосевски. Но, Охрид кој има и интернационалнци во своите редови беше подобар и потоа му беше лесно да ја задржи разликата.

Во пролетниот дел од сезоната остануваат да се одиграат уште четири натпревари: дома со Металург 2 и со Работнички, и на гости со пролет и со Пелистер. Во првиот дел од сезоната ги победивме и Металург 2, и Пелистер и Работнички.

Важно е да освојуваме бодови против директните конкуренти со кои потоа ќе разигруваме во плеј аут бидејќи тие бодови и постигнати голови се пренесуваат и ќе треба да одиграме уште дополнителни 10 кола.
Опстанокот воопшто не би требало да доведен во прашање и се очекува да се бориме за првото место со таа група во разигрувањето.

Записник од натпреварот  ohrid-vardar_junior.pdf

 

сабота, 7 декември 2019 - 22:08