Вардар јуниор со победа, а Вардар остана без бодови во младинска конкуренција

Победа тимот на Вардар јуниор во младинска конкуренција против екипата на Прилеп 2010, додека кадетите на Вардар кои се натпреваруваат во младинска конкуренција, како и пионерите на Вардар беа надиграни во нерамноправни дуели со екипи со постари и поискусни ракометари.

Вардар Јуниор - Прилеп 2010 43 : 26 (22 : 12) – младинска лига

Избраниците на Пепи Манасков и Стојан Петрушевски на домашен терен во СЦ „Јане Сандански" заблескаа на натпреварот од деветтото коло победувајќи ги гостите од Прилеп со 43 : 26 (22 : 12). Ален Ќосевски со 20 голови ја изрешета мрежата на Прилеп 2010 наметнувајќи се како најдобар стрелец на мечот, кое беше и нашето главно оружје во битката за двоцифрена разлика во резултатот. Иако на почетокот на мечот наликуваше дека сме изедначени во однос на играта, по последното реми од 6 : 6, Вардар јуниор го превзема водството за двојно подобар резултат од 12 : 6. До крајот на натпреварот бевме недостижни за противникот. На пауза заминавме со +10 разлика за 22 : 12, што се покажа како голема мотивација за нас да бидеме уште поуспешни во вториот дел. Ова е шеста победа на Вардар јуниор на младинското првенство со која се одржува на третата позиција на табелата во втората група. Следното 10 коло играме против Еурофарм Работник.

Охрид 2013 – Вардар 34 : 23 (16 : 9) – младинска лига

Нашата втора екипа која игра во младинска конкуренција се кадетите на Андријана Будимир и Ацо Станковски, кои во натпреварот од деветтото коло гостуваа кај Охрид 2013, првопласираната екипа на табелата во првата група. Домаќините победија со 34 : 23 во нерамноправен дуел со пет ракометари кои настапуваат и во составот на Охрид 2013 во Супер лигата на РФМ. Домаќинот уште на почетокот на натпреварот се наметна како фаворит, но ние имавме фаворит во црвено – црната боја. Вардаровецот Бојан Чакалиќ со 12 гола беше најдобар стрелец на натпреварот.

недела, 10 февруари 2019 - 21:15