Вардар jуниор немаше сили за реванш против Охрид 2013

На домашен терен Вардар јуниор ја пропушти можноста да се реваншира на Охрид 2013 на натпреварот од 13 коло од Супер машката лига. Гостите од Охрид победија со 29 : 18.

Црвено – црните се соочија со особено лош период во текот на првото полувреме, постигнувајќи само пет гола. Во Првите 10 минути од мечот прогнозата не изгледаше толку лоша, иако иницијативата беше кај гостите. Во шестата минута, Стефан Крстевски го постигна првиот гол за екипата за резултат од 1 : 3, и две минути подоцна со 2 : 4 заблеска нова надеж за екипата. Но, она што следеше беа 15 долги минути без гол. Не помогнаа ни мотивацијата и советите од тренерот Стојан Петрушевски во 13 минута од натпреварот. Во 23 минута Дамјан Јакимовски се избори за 3 : 9, а четири минути подоцна Мартин Карапалевски за 4 : 11. Во завршните минути од полувремето Ален Ќосевски го постигна петтиот гол и на одмор заминавме со негатива 5 : 12.
Предноста што противникот ја стекна во првите 30 минути, придонесоа за големата разлика во финалниот резултат. Иако до крајот на полувремето го подобривме нападот, повторно се соочивме со периоди без голови. Натпреварот го завршивме со негатива од 18 : 29.

ВАРДАР ЈУНИОР – Охрид 2013 18 : 29 (5 : 12)

Вардар јуниор: Мартин Димов 1, Славе Јанковски 2, Дејан Кукуловски 1, Александар Нанов, Дамјан Јакимовски 1, Здравко Постолов, Мартин Карапалевски 3, Тони Атанасовски, Ален Ќосевски 4, Кристијан Анѓелковски, Давид Гашоски 3, Стефан Крстевски 2, Јоаким Ангеловски, Игор Ѓоргиев 1, Никола Цветаноски, Даниел Ставровски.

сабота, 8 декември 2018 - 23:12