Вардар јуниор направи голем чекор до директен опстанок во Супер лигата

Ракометарите на Вардар јуниор направија голем чекор кон директен опстанок во машката Супер лига со триумфот од 34-23 (20-13) над Прилеп. Сега младите ракометари на Вардар јуниор имаат 12 бода од 10 натпревари и се на третото место од пет екипи во плеј аутот.

Според пропозициите последнопласираниот тим во плеј аутот ќе игра бараж натпревар за опстанок и тоа против второпласираниот тим од Прва лига.
Од самиот почеток на натпреварот Вардар јуниор покажа дека е решен да победи и да ги освои бодовите што многу значат. Поведовме со 6-1 и тоа беше период што се покажа како клучен во натамошниот дел од средбата. До крајот на првото полувреме ние само ја зголемувавме предност која пред да се замине на одмор беше „плус 7" за „црвено-црните", 20-13.

Немаше шанси некој да ги помести работите, Вардар јуниор играше одлично и ја задржа предноста и во второто полувреме, а до крајот и зголеми на двоцифрена предност.

Вардар јуниор - Прилеп 34-23 (20-13)
ВАРДАР Јуниор: Кизиќ, Димов 4, Анѓелковски 1, Чакалиќ, Крстевски 2, Анастасовски 7, Мишевски 4, Димитров 2, Кизиќ, Петковски, Трпчевски 4, Николовски, Димитровски 5, Кукуловски 5, Атанасовски, Лазов.


Фото: Денис Дуковски

недела, 15 април 2018 - 14:33