Вардар јуниор без бодови од Охрид

Лошиот почеток на средбата беше причина што Вардар јуниор не беше конкурентен на средбата во Охрид од 4. коло на машката Супер лига. Тренерот Стојан Петрушевски бепе приморан да побара тајм аут уште во 10 минута откако домашните имаа водство до 5-1.

Младите ракометари на Вардар јуниор продолжија со исто темо и напор да се вратат во игра. И успеаја бидејќи резултатот беше намален на 11-9 за домашните. Наместо да продолжат во ист ритам, падна интензитетот а на нашите грешки ривалот одговори со голови, па повторно направија серија, сега од 3-0 за водство 14-9. Но, не се откажувавме и намаливме на 15-12 пред самиот крај на првиот дел, но не се одбранивме па на одмор имавме негатива од четири гола (12-16).

Откако домашните влегоа во ритам само продолжија и во второто полувреме, а Вардар јуниор не најде игра со која можеше да им парира на охриѓани.

Во следното коло Вардар јуниор е домаќин на Пелистер.

Охрид - Вардар јуниор 30-21 (16-12)

ВАРДАР ЈУНИОР: Димов 3, Јанковски, Кукуловски 2, нанов 1, Постолов, Карапалевски 7, Кизиќ, Атанасовски, Ќосевски, Гашоски 1, Крстевски 3, Ѓоргиев 1, Атанасовски 3, Цветаноски, Петковски, Анѓеловски.

понеделник, 8 октомври 2018 - 12:02