Вардар ја почнува сезоната со гостување во Неготино

Новата сезона во машката Супер лига ќе почне на 3 септември, а Вардар одбраната на титулата ќе ја почне со гостување во Неготино кај тимот на Вардар Неготино.

Во истата група со Вардар и Вардар Неготино се уште и екипите на Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид и Куманово. Сезонава во Супер лигата ќе играат 16 екипи поделени во две групи.

Натпреварите во првиот дел од сезоната ќе се играат по еднокружен систем (секој со секого по еднаш дома и во гости), и ќе се играат 14 кола. По завршување на 14-те кола од регуларниот дел ќе се разигрува за титулата во плејофот, и тоа првите четири екипи од двете групи. Екипите од 5 до 8 место од двете групи во регуларниот дел ќе разигруваат за опстанок.

Регуларниот дел од сезоната треба да заврши на 18 декември. Плејофот и плејаутот треба да почнат на 18 февруари 2023, а сезоната да заврши на 28 мај 2023 година.

Во плејофот се пренесуваат и бодови врз основа на освоеното место во регуларниот дел од сезоната. Првата екипа пренесува 3 бода, втората - 2, третата - 1 и четвртиот тим стартува без бодови.

Распоред на натпревари на Вардар во есенскиот дел од сезоната.
1 коло: Вардар Неготино - Вардар
2 коло: Вардар - Бутел
3 коло: Прилеп - Вардар
4 коло: Вардар - Алкалоид
5 коло: Охрид - Вардар
6 коло: Куманово - Вардар
7 коло: Вардар - Струга

 

вторник, 7 јуни 2022 - 15:19

Share on Facebook