Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ

Претходните сезони Вардар го красеше одличната игра во одбрана, а и сезонава иако со променет состав „црвено-црните" повторно господарат пред сопствениот гол. По четири одиграни натпревар во групната фаза, и тоа во двете најквалитетни групи, нашиот тим ја има најдобрата одбрана.

Вардар на четирите натпревари забележа исто толку победи, и прими само 101 гол. Тоа е најдобро остварување од сите екипи во групите А и Б. Под 110 голови примени на четири меча се само уште ПСЖ (105) и ПИК Сегед (106), но и двата тима се наоѓаат во другата група. Исто така Вардар ја има и третата најдобра гол разлика во групите А и Б, со „плус 15".

Групата А каде настапува Вардар ја нарекуваат и „група на смртта" бидејќи настапува актуелниот европски првак Монпелје и плус уште три поранешни европски прваци: Барселона, Кјелце и Вардар. Во групата се уште и Рајн Некар, Веспрем и Кристијанштад.
„Црвено-црните" тргнаа со триумф на гостински терен кај европскиот првак Монпелје, 27-24, потоа дома го победија Кристијанштад со 33-25. Сезонава Вардар првпат успеа да триумфира на гостински терен кај Веспрем, 27-25, а потоа во Скопје беше победен и Рајн Некар со 29-27.

Вуко Борозан е најдобар стрелец во тимот со 22 гола, пред Иван Чупиќ со 20 и Тимур Дибиров со 18.

Нашето лево крило двапати беше избран во тимот на колото, а на последниот натпревар со Рајн Некар што беше прогласен за меч на колото го доби признанието на МВП.

Од денеска во продажба се пуштени и билетите за следните два натпревари во ЛШ на домашен терен, против Мешков и проив Барселона. Истите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ и он-лајн преку www.ticketplus.mk.

 

 

 

среда, 10 октомври 2018 - 11:18