Вардар ја доби наградата „13 Ноември“

Ракометниот клуб Вардар ја доби наградата „13 Ноември" од областа на спортот што ја врачи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Наградата е за „претставување на град Скопје пред спортската јавност во Европа и за неизмерната радоста на сите скопјани".

Вардар е убедливо најдобриот ракометен, па и спортски тим од Скопје кој со години успешно го претставува градот Скопје и Македонија во Европа и препознатлив спортски бренд.

 

недела, 13 ноември 2022 - 22:49

Share on Facebook