Вардар и тренерот Вујовиќ ја прекинаа соработката

Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на Вардар1961 откако беше прекината соработката. На денешниот меч од домашното првенството на клупата ќе биде досегашниот помошник Владо Недановски.

Претседателот на клубот, Михајло Михајловски денеска имаше разговорот со тренер Веселин Вујовиќ по што беше донесена одлука за прекин на соработката и смена на тренерската позиција.

Вујовиќ дојде на почетокот на сезоната, имаше добра почетна серија во Лигата на шампионите, со две победи и едно реми, но потоа следуваа седум порази, и загубени бодови во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер 2 во домашното првентвот.
.
„Црвено-црните" се на делба на првото место во домашното првенство, и до крајот на есенскиот дел од сезоната остануваат уште натпреварите со Еурофарм Пелистер и со Бутел.

Во Лигата на шампионите Вардар има пет бодови од 10 одиграни средби и се наоѓа на седмото место во група А.

 

сабота, 11 декември 2021 - 17:00

Share on Facebook