Вардар гостува во Нови Сад

Само што завршија обврските во домашното првенство против Пролет, екипата на Вардар1961 е пред нов предизвик, меч од СЕХА-Газпром лигата. „Црвено-црните“ гостуваат во Нови Сад кај тимот на Војводина. Средбата е закажана за утре (вторник) од 17,30 часот.

Вардар патува за Нови Сад во истиот состав со кој настапуваше и против Нексе, а единствено голманот Борко Ристовски ќе го пропушти натпреварот. На голманската позиција ќе биде Васил Гогов, во тандем со Мартин Томовски.

Давид Дејвис - тренер на Вардар

„Мораме да играме многу подобро отколку со Нексе и да ги коригираме сите грешки. Против Пролет бевме подобри, но мораме да продолжиме со уште повеќе работа. Војводина е опасен тим, ги предводи Немања Прибак, дисциплниран тим, со добар голман и кога играат дома се незгоден ривал. Мораме да бидеме трпеливи, на играчите веќе им „влегува" во глава, знаат што треба и како треба да играме, одиме чекор по чекор и ќе биде подобро"


Дарко Ѓукиќ - играч на Вардар

„Очекуваме тежок натпревар, нема да биде нималку лесно. Војводина игра дома, но ние одиме на победа и мора да го добиеме овој натпревар. Тие се во ист состав како и лани, најмногу им зависи играта од Прибак и Николиќ. Одиме по два бода, не смееме да губиме лесно топки, да играме добра одбрана, подобар напад отколку со Нексе, тоа се некои наши цели, па ќе видиме што ќе реализираме од тоа утре".

 

понеделник, 7 февруари 2022 - 13:13

Share on Facebook