Вардар го покажа победничкото лице

Вардар1961 уште еднаш ја покажа својата вистинска сила и се врати на победничкиот пат во СЕХА лигата по триумфот од 32-27 (18-13) против Мотор Запорожје. Со два порази во низа зад Вардар1961 во салата во Скопје „црвено-црните" покажааа целосно ново лице, голем мотив, желба и пред се квалитет кој му донесе триумф..

Петкратниот победникот на СЕХА лигата, Вардар успеа да му се одмазди на Мотор за поразот на претходниот натпревар во Украина кога Мотор победи со 30-23. Не успеавме да ги надополниме тие седум гола од Украина, но сега за нас е поважно тоа што формата оди во нагорна линија и играме се подобро пред следните важни натпревари.

Сега на табелата во Групата Б каде игра Вардар, три екипи имаат по 9 бода, но ние сме на третото место зад Мотор и Нексе. Во меѓусебните дуели тие имаат подобра гол разлика и затоа се пред нас.

На дуелот во Скопје моменти игравме по принципот „топло - ладно" со неколку подеми и падови во играта, но секогаш ја одржувавме дистанцата од неколку голови не дозволувајќи му на противникот ниту да се понадева дека може нешто да направи во СЦ „Јане Сандански". Секогаш кога требаше имавме знаење и сила да „избегаме", и резултатски да направиме предност.

Анте Гаџа го предводеше домашниот тим во предност од 18-13 по првото полувреме и Вардар1961 доминира во овој период, со агресивна одбрана и ефикасен напад. Хрватскиот бек ја заврши играта со 8 голови, рамо до рамо со Гоце Георгиевски кој постигна 6 погодоци, заедно со Тимур Дибиров.

Уште во почетниот период од средбата наметнавме игра со која стигнавме до 2-3 гола предност што го одржувавме до крајот на првото полувреме. Гаџа, Стоилов и Дибиров заедно постигнаа 13 гола од вкупно 18 на Вардар. На одмор можевме да заминеме и со повеќе од оние пет гола, бидејќи до пред самиот крај водевме со 18-12.

И покрај полесните повреди и заморот на неколку клучни играчи, тренерот Стевче Алушовски го користи скоро својот најсилен список против Мотор. Недостасуваа само Валчак, Димитриоски и Кантегрел. Украинскиот тим беше само „бледа сенка" од она што го покажа на првиот дуел и на натпреварот никогаш не беше близу до загрозување на водството на домашниот тим.

Во 53 минута првпат стигнавме до „плус 7" за наше водство од 31-24, што беше знак дека ние ќе бидеме победници на средбата. Потоа некои грешки му дозволија на противникот на намали на „подносливи пет гола" и наш триумф од 32-27.

statistika_vadar1961_-_motor.pdf 

* Фото-Галерија од натпреварот 

 

сабота, 20 март 2021 - 00:26

Share on Facebook