Вардар го победи Металург во младинска конкуренција

Кадетите на Вардар, кои се натпреваруваат и во младинска конкуренција, во исклучително возбудлив и неизвесен натпревар ја победија екипата на Металург со 21 : 20 (9 : 11).
Откако во првите 30 минути Металург беа во постојано водство, избраниците на Андријана Будимир и Аце Станковски успеаја во вториот дел од натпреварот да се наметнат над гостите и да ја намалат предноста на противникот. По првото изедначување од 12 : 12, вардарци имаа моменти кога водеа со еден гол, како и моменти со негатива од еден гол. Но решителност во последните минути да ја искористат шансата и од 20 : 20, да победат со 21 : 20.
Следното коло е последно во младинската конкуренција и нашите момчиња играат против Пелистер.

понеделник, 11 март 2019 - 12:22