Вардар го освои турнирот во Струга

Победник на 49. издание на традиционалниот турнир во Струга е тимот на Вардар. „Црвено-црните" првпат по 2007 година повторно се освојувачи на турнирот и има 13 титули. Во финалето Вардар победи со 33-32 (28-28, 15-14) по продолженијата од 2 х 5 минути.

Најдобар играч на турнирот е Тимур Дибиров од Вардар. Нашето крило го даде победничкиот пенал во последните секунди. За најдобар голман е прогласен Мартин Секељи од Еурофарм Пелистер, кој нанижа 15 одбрани во мечот за трофеј. Најдобар стрелец е Златко Мојсовски од Бутел Скопје.

Во реприза на Супер купот, финалето во Струга донесе неизвесност во текот на целиот натпревар. И едниот и другиот тим се обидуваа да дојдат до погодок за гол повеќе водство, но тешко одеше бидејќи и двата состави се обидуваа да го кренат нивото. Ваквата игра траеше 30 минути и никој не успеа да создаде предност која ќе може да му даде помирно продолжение. Голманите Томовски и Секељ имаа свои моменти и беа на ниво така што помагаа на одбраните. Вардар имаше предност од 15-14 на полувреме.

До 17-17 на почетокот на второто полувреме беше нерешено, а потоа Еурофарм Пелистер го презеде водството под своја контрола. Дојде до плус два гола, 20-18 и тргна во подобар период од средбата. Еурофарм Пелистер беше во позитива, а на пет минути до крај имаше 25:23. Имаше брз гол од Вардар за намалување, но при 26:24 битолчани се одбранија. Сепак, Томовски и Гаџа успеаја да го зачуваат Вардар во игра за победа. Со два гола го израмни резултатот на 26:26 и завршните моменти од средбата беа уште повозбудливи.

На минута до крајот Вардар остана без двајца играчи, но и во таква ситуација имаше реализација од двете страни. Еурофарм Пелистер погоди од пенал, а Вардар од игра. Божиќ-Павлетиќ промаши шут за победа, па на крајот беше 28:28, па средбата влезе во продолженија.

Во првите пет минути резултатот беше 3:2 за битолчани. Головите за Еурофарм Пелистер беа дело на Мирко Радовиќ, додека за Вардар реализираше Тимур Дибиров, па во второто продолжение дојде минимална предност за Еурофарм Пелистер од 31:30. Двајцата продолжија да се надигруваат и до 32:32 имаа по четири гола во продолженијата.

Имаше неколку нереализирани напади, а тогаш имаше пробивање од Еурофарм Пелистер. Вардар доби шанса за победа, а Георгиевски одлично втрча на терен и обезбеди пенал на три секунди до крајот од средбата. Тимур Дибиров со десеттиот погодок беше играчот кој донесе трофеј за Вардар на 49. Издание на Струшкиот турнир.

Вардар - Еурофарм Пелистер 33-32  (28-28, 15-14)

Вардар 1961: Томовски (11 одбрани), Гогов, Али Сафер (1 одбрана), Кудуз 2, Гурбиндо 1, Тото, Диало, Јагуриновски, Чувара 2, Стоилов, Валчак, Моралес 4, Георгиевски 1, Карапалевски, Гаџа 8, Талески 2, Дибиров 10, Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски

понеделник, 16 август 2021 - 13:21

Share on Facebook