Вардар го одигра првиот контролен меч

По седумдневните подготовки во Словенија, ракометарите на Вардар заминаа за Германија каде треба да одиграат три контролни средби. Првиот натпревар беше против Бергишер, и „црвено-црните" загубија со 25-27 (17-14). Следуваат два натпревари, во сабота и недела, а првиот е против Рајн Некар.

Поради одложување на летот од Словенија за Германија, нашите ракометари поголем дел од денот го минаа по аеродроми, поради што и закажаниот натпревар со Бергишер почна со еден час задоцнување. Во преполна сала многу германски навивачи дојдоа да го видат актуелниот европски првак кој токму кај нив ја почнува новата сезона со играње натпревари.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари. Во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески, а исто така и друите играчи кои вообичаено имаат помала минутажа.

Поважно беше воигрување на екипата отколку резултатот и што подобро функционирање на нападот и одбраната. Во првото полувреме покажавме дека можеме и веднаш од авион да играме натпревар и да постигнеме добар резултат, но исто така требаше да се сочува енергија за следните мечеви, тука на турнирот во Гумерзбах каде ќе играме.

Наш прв противник утре (сабота) е тимот на Рајн Некар.

На средбата со Бергишер најефикасни беа Тимур Дибиров кој постигна 8 гола, Вуко Борозан 5, Игор Карачиќ 3, Данил Криштопанс 2, Мораеш 1....

петок, 11 август 2017 - 23:14