Вардар го обели образот во Веспрем, но третпат ни побегна Келн

Ќе остане тагата бидејќи не успеавме да стигнеме до Ф4 турнирот во Келн, но ќе останеме запаметени како единствен тим што по речиси пет години успева да освои бодови во салата во Веспрем. Одигравме нерешено, 30-30, а имавме шанса и да победиме, но Матјаж Брумен не реализираше од крило во последните секунди. На првиот меч во Скопје пред една недела беше 29-26 за Веспрем.


Германски Фуксе Берлин е последен тим што се радувал на победа во Унгарија, и тоа на 27 ноември 2011 година. Оттгоаш па досега во Весрем паѓале многу европски ракометни гиганти, а Вардар сезонава двапати успеа да му земе бод на Веспрем. Еднаш во СЕХА Газпром лигата, и сега во четвртфиналето на ЛШ.

Натпреварот го почнавме како што посакувавме, и веќе по осум минути имавме водство од 4-1, а две минути подоцна преку Алекс Душебаев заголемивме на 6-2. Тоа беше убава најава дека во Веспрем сме дојдени по бодови, и нема да се тактизира, уште помалку да се плашиме од фаворизираниот домаќин.

Покажавме сила, разновидност во играта, карактер, и желба да одиграме за победа. Немаше што да се загуби, а Вардар на гостувањата сезонава секогаш играл отворено, борбено и ефикасно. Таква беше и сега најавата.

Игравме одлично, и во одбрана и напад. Наоѓавме начин како лесно да стигнеме до голот на Алиловиќ, и како да ги затвориме нашите приоди. Лесни голови за ново водство од 10-6 во 17 минута, а тие четири гола предност ги задржавме и до пред крајот на полувремето. Имавме предност од 14-10, а потоа примивме два гола по ред давајќи му на противникот надеж за во второто полувреме.

И Веспрем така почна, со голем налет и брзо варќање во игра бидејќи израмни на 15-15. Потоа игравме „гол за гол", а во 40 минута Веспрем првпат направи предност од „плус 2" за водство 20-18. Домаќините мислеа дека се готово, но Вардар не се предаваше. На 7,5 минути до крај ние израмнивме на 26-26 и велговме во нова неизвесност. Имавме и водство од 28-27, а откако Угарлде Гарсија беше исклучен на 2 минути, Веспрем доби шанса за организирање долг напад во кој Илиќ погоди за ново израмнување (28-28), а потоа уште еднаш да им донесе радост надомаќините (29-29). Тоа беа клучните моменти на средбата иако се уште се надевавме на можно чудо. Времето одминуваше, а во последнот напад можевме барем да добиеме делумна сатисфакција, победа, но шутот на Брумен заврши надвор од мрежата.

Вардар по третпат е меѓу осумте најдобри екипи во Европа, нешто што досега не и успеало на ниту една машка екипа во Македонија, и тоа во три сезони по ред.

Веспрем - Вардар 30-30 (12-14)

Веспрем
: Гулјаш, Иванчик 1, Шуц, Илиќ 9, Палмарсон 2, Миклер, Нилсон, Наѓ 7, Угалде 1, Маргуч 4, Родригез, Терзиќ, Алиловиќ, Сулиќ 2, Лекаи 4, Слишковиќ.

Вардар
: Штербик, Стоилов 1, Брумен 2, Тоскиќ 3, Манасков 3, Македа 1, Карачиќ 3, Душебаев 5, Абутовиќ, Лазаров, Циндриќ 4, Ангелов, Дибиров 3, Горбок 1, Шишкарев 4, Марсениќ.

сабота, 30 април 2016 - 20:59