Вардар ги дозна ривалите во четврт-финалето на Купот на Македонија

Во четвртфиналната група од Купот на Македонија, екипата на Вардар191 ќе игра заедно со екипите на Астраион, Тиkвеш и Радовиш. Победникот од таа група ќе се пласира во полуфиналето на Купот.

Нашиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со тимот на Тиквеш, а другата двојка е Астраион - Радовиш. Победниците од овие дуели ќе играат за пласман во следната фаза односно на Ф4 турнирот.

Според календарот на РФМ овие четвртфинални групи се планирани за 31 март и 1 април. Со оглед на тоа што во тој период имаме и обврски од Лигата на шампионите можно е да има промена во терминот.

Во другите четвртфинални групи се среќаваат:

Група А:
Еурофарм Пелистер 2 - Металург
Работнички - ГА КЛ7

Група Б
Пролет - Прилеп
Младост - Еурофарм Пелистер

Група Г
Бутел - Јуниор
Струга - Охрид

 

четврток, 18 март 2021 - 13:00

Share on Facebook